Еднаш за мене рекоа:

Оливера Аризанова-Мансбарт не е само една од најискусните актерки, туку и една од најпрепознатливите. По завршувањето на образованието на Македонскиот универзитет, родената струмичанка има играно најразновидни улоги. Вклучувајќи ги и имињата како: МНТ Скопје, Народен Театар Штип, Народен Театар "Војдан Чернодрински" во Прилеп, Цимер театар во Тибинген, Виндшпилтеатар во Берлин, Хебелтеатар – Веркстат дер Културен во Берлин и Народен Театар Антон Панов во Струмица, кој од 2007 година е нејзин дом.

Нејзиниот пробив дојде во 2010 година со монодрамата "TAA" по сценарио на Даниела Колева. Претставата се занимава со темата на модерната жена која се обидува успешно да го обедини семејството, работата и приватниот живот и постојано ги турка постоечките граници. Од премиерата во 2010 година и педесеттото повторување во 2018 година, овој концепт сеуште ги наполнува театрите на национално и на меѓународно ниво, а побарувачката се уште не се намалува.

Фактот дека Оливера Аризанова-Мансбарт не е само голем лик во класичниот театар, туку и во други области, ја докажува како кукловод во бајката на браќата Грим "Хансел и Гретел".

Преку нејзината голема посветеност на полето на деца и млади, активно ги инспирира младите за театарот и за сцената. Во соработка со НВО "МАНА", основана од организацијата "ДУМОН", поддржана од градот Струмица и нејзиниот дом Антон Панов, Оливера Аризанова-Мансбарт ја отвори "Летната Театарска Школа" во 2012 година, која се уште е составен дел од нејзиниот репертоар. Последно, но не и помалку важно, неуморните напори на Оливера Аризанова-Мансбарт и позитивната реакција на родители и медиумите за нивната работа, овозможи овој проект постојано да расте.

Оливера Аризанова, Мај 2018